Posts

Showing posts from 2011

Економијата, Моамер и народот (Капитал, 30.12.2011)

Image
Ако денес мислев дека навистина се ближи крајот на светот, тогаш има неколку работи и личности по коишто ќе сакам да ја запаметам годинава што изминува. Секако, годинава нема да ја паметам по тоа што Македонија не само што помина во кризата неоштетена, туку искористи од неа, нема да ја паметам по стокатници кои никнаа во Скопје, нема да ја паметам по економски раст од 8%... Сепак, ми остануваат неколку работи по коишто ќе ја паметам. Па, вака, да почнам со настаните. На глобална сцена, 2011 ќе ја запаметам по силниот земјотрес и цунамито во Јапонија. Овој настан предизвика катастрофа од планетарен размер и ја разора јапонската економија. Но, истовремено, оваа катастрофа ја покажа обединетоста, цивилизираноста и отпорноста на јапонскиот народ, што е должно за секаква почит. Слично на ова, на домашен план годинава ќе ја запамтам по предвремените парламентарни избори. Зошто ова е економски настан на 2011? Затоа што сите полагаме надежи во нашата економија, дека еден ден ќе биде попроспе

Бритиш муд (Капитал, 16.12.2011)

Image
Во мај 1962 година, кога работел за Ројтерс, Фредерик Форсајт бил испратен на работна задача во Источен Берлин. Враќајќи се дома доцна во ноќта, по патот пресретнал Советски оклопни дивизии, тенкови, ракетни лансери, моторизирана пешадија, и, воопшто, татнежи по авенијата Карл Маркс. Штом се добрал до телексот, тој веднаш напишал сторија дека Рускиот напад врз Западен Берлин, а со тоа и Третата Светска Војна се скоро извесни. Сер Алек Даглас Хоум, Британскиот премиер во тоа време, и Американскиот претседател Линдон Џонсон морале да бидат пробудени од спиење, а НАТО бил ставен на црвен аларм. Тогаш, еден постар и помудар колега од Ројтерс му предложил на Форсајт да провери да не се тоа подготовки за парадата за Денот на борбата против фашизмот. И, навистина биле тоа. Минатата недела, Велика Британија, претставувана од нејзиниот премиер Дејвид Камерун, стави вето на договорот за спас на Еврозоната. Дека британскиот „сепаратизам“ повторно ја дигна својата глава, не треба да биде чудно,

НАГОДУВАЊЕ (Капитал, 2.12.2011)

Image
Државниот секретар на САД, Џејмс Бејкер, еднаш му подготвил на претседателот Реган говор што требало да го одржи на Светскиот економски самит во Вилијамсбург, Вирџинија. Утрото, Бејкер се разочарал кога разбрал дека претседателот воопшто не се мачел да го погледне говорот и искрено го прашал зошто. „Па, Џејмс“, релаксирано му реплицирал Реган, „ Звукот на музиката  (се мисли на мјузиклот) одеше во позадина“. Подоцна, магазинот „ Економист “ за Реган напиша: „Маестралната појава на Реган понекогаш го маскираше фактот дека тој воопшто и не знаеше што зборува“. Деновиве, во економските кулоари се изнаслушавме прогнози за економскиот раст на Македонија во идната 2012 година. Ќе бил ваков, ќе бил таков. Половина процент повисок или понизок. Проекции фрчат од сите страни и секој си ја кажува приказната што сам сака да ја слушне. И странците не се исклучок. Ако кажат ниска стапка, тогаш се оценети како премногу конзервативни. Ако кажат висока стапка, тогаш речиси сигурно таа ќе се остварела,

Грчка драма (Капитал, 11.11.11)

Image
Повеќето од нас знаат дека драмата потекнува од Грција и означува "акција", односно комбинација на приказна од конфликти и емоции преку акција и дијалог. Драмата има две маски или лица - комедија и трагедија. Слично на ова, инвеститорите и трговците уште еднаш се сведоци на драма во финансискиот свет, благодарение на Грците. Европската должничка криза се прошири низ целиот инвестициски свет. Само пред неколку недели, кога над Грција јасно се провиснуваше банкрот, инвеститорите почнаа потрага по банки кои ќе може да откупат дел од грчкиот долг. На пазарот се прошири страв дека пропаст на уште една банка од типот на Леман брадрс ќе предизвика повторно замрзнување на кредитите, дури и полошо од она во 2008. Згора на ова, масло на огнот долева(ше) ситуацијата во Италија и Шпанија. Откако на Саркози и Меркел им стана јасно во каква заложничка драма се држат граѓаните на Европа од страна на Грците, двајцата почнаа да коваат план за решавање на длабоката криза во која тоне Грција,

Шеик (Капитал, 21.10.2011)

Image
Си бил еден шеик кој имал три жени, единаесет сина и тринаесет ќерки. Неговата амбиција од приватниот пополека се пресликала и во професионалниот живот. Уште рано во својата кариера тој го водел врховниот совет за планирање во својот емират, којшто бил задолжен за поставување и водење на главните економски и социјални политики. Подоцна, шеикот во свои раце го презел и тековното водење на бизнисот со нафта и природен гас, на државно ниво. Ваквиот развој на настаните ја направил неговата држава најбрзорастечката економија во светот. Веројатно погодувате, ова не е измислена приказна, туку станува збор за емирот на државата Катар. Проценетиот раст на катарската економија за 2011 година изнесува 21%. Не, ова не е бројка со испуштена децимална запирка! Ваков раст, всушност, значи дека доходот (по глава на жител) во земјата ќе се удвои за помалку од 5 години, што може да претставува сон на секој граѓанин и на секој економски политичар. Но, тој сон му се остварува на шеикот Хамад бин Калифа

Таџ Махал (Капитал, 7.10.2011)

Image
Во 1629 година, додека била на смртна постела, омилената сопруга на могулот-император, шахот Јахан, ја кажала својата последна желба: могулот да и изгради споменик што ќе ја слави нивната љубов. Резултатот – Таџ Махал, здание за коешто требале 22 години за да се заврши. Нема податок за тоа како оваа изградба влијаела врз економијата на Индија – веројатно во тие времиња тоа и не било важно. Во вториот квартал од 2011 година, македонската економија оствари реален пораст од 5,3%, што го вбројува во оние цифри кои постојано се вртат по медиумите, како цифри што економијата треба да ги постигне за да се почувствуваат благодетите врз животниот стандард на населението. Основата на тој раст – градежната активност на државата. Градежништвото во истиот квартал порасна за импозантни 26%. Бројките се неумоливи и ја потврдуваат тезата на владата дека во што и да се инвестира, тоа ќе даде резултат. Резултатот е тука. Само, разликата е во тоа што некои инвестиции ќе го направат резултатот да се повт

Соединети Европски Држави (Капитал, 15.07.2011)

Image
Денес е време кога Европа речиси и да спие во услови на разнишан банкарски систем, недозволиво висока невработеност и низок раст и слаба конкурентност на нејзината економија. Дополнително, неколку нејзини периферни економии покажуваат големи фискални ранливости, што може надолу да ја повлече целата европска економија. Но дали погрешното разбирање на економските проблеми на Европа води кон погрешни мерки за справување со нив? Во основа, денес Европа не се соочува само со фискален проблем, туку со најмалку уште два, меѓусебно систематски поврзани проблеми: проблем на банкарскиот систем и проблем на растот. Денес, многумина се согласуваат дека во предвечерјето на светската економска криза, проблемот на банакрскиот систем не беше само ликвидносен, туку и структурен. Имено, уште тогаш европските банки беа многу повеќе задолжени од американските банки, што ги направи особено ранливи на кризата. Тие и се сеуште повеќе задолжени. Сега, проблемот е уште поголем: Германски, Француски, Италијан

Источно од рајот (Капитал, 01.07.2011)

Image
Во неколку претходни колумни се осврнав на рапидниот раст на земјите од Централна и Источна Европа пред кризата, доброто справување со кризата (кога некои земји како Турција продолжија да растат со значително-високи стапки на раст) и брзото излегување од неа. Во изминатата деценија, Југоисточна Европа се промени многу, и економски и политички, што придонесе локацијата на „Европа“ или она што (сеуште) го нарекуваме „запад“, да се промени. На пример, некои се сеќаваат, а другите знаеме од прераскажување дека еднаш, не многу одамна, Бугарите и Романците во Југославија гледаа подобра верзија на сопственото општество, но и разумна замена за Германија или Италија (во смисла на трговија) и транзитна маршрута на свото патешествие дотаму. Потоа, војни, ембарга, хиперинфлации, кошмар. Никој не сака тоа да се повтори. Луѓето гледаа на Југославија како на „исток“, затоа што таму имало мир, но и затоа што тоа било местото од кадешто доаѓало шверцувано гориво и политичка поддршка. Во меѓувреме,