Posts

Showing posts from March, 2011

Вовед во монетарна политика (Капитал, 25.03.2011)

Image
За време на мандатот на Алан Гринспен како претседател на Федералните Резерви на САД, односно гувернер на Централната банка на САД, пазарните играчи го следеа секој негов збор и движење, со цел да ја предвидат насоката и големината на промените во основната каматна стапка – што претставува основен сигнал за `движењето` и стојалиштето на монетарната политика. Го следеа во се` - од тонот на неговиот глас до очигледната дебелина на неговата се`присутна актовка. Гринспен беше секогаш разбирливо внимателен во изборот на неговите зборови. За време на една прилика, тој се сретнал со еден пријател и вообичаено бил прашан како е. „Всушност,“ одговорил Гринспен, „не ми е дозволено да кажам!“ Македонија го доби четвртиот по ред гувернер на НБРМ. Пред да му честитам за изборот во следната колумна, сакам да се навратам на една неприлика со којашто тој се соочи уште неизбран, па беше приморан да дава дополнителни објасувања. (За среќа, тие беа внимателно дадени, на ниво на Гринспен!) Имено, му

За кого бијат камбаните (Капитал, 18.03.2011)

Image
Пред три години, кога финансиската криза беше на своите почетоци, носителите на политиките, особено во развиените земји, се соочија со необичен сплет на настани: од една страна, дислокацијата на кредитните пазари беше закана за побарувачката и изврши надолен притисок врз инфлацијата. Од друга страна, забрзаниот раст во Азија и недостигот од житни производи што и тогаш се јави на глобалниот пазар, извршија нагорен притисок врз цените на нафтата и некои прехранбени производи. Во јули 2008, еден барел нафта чинеше речиси 150 долари. Повисоката цена на нафтата дополнително ја `стегна` побарувачката, ама повеќе додаваше, отколку што одземаше од инфлаторниот притисок. Потоа, глобалната економија почна забрзано да паѓа – инфлацијата го достигна својот `пик` во септември, а потоа стрмоглаво се доближи до нула. Бидејќи ниедна земја „не е остров, сам за себе...“, овие движења брзо се пренесоа во нашата економија – инфлацијата во 2008 порасна на над 8%, а е

Либиска инфлација (Капитал, 04.03.2011)

Image
Повисоките цени на нафтата, житарките и другите стоки почнавме да ги гледаме во малопродажбата – зголемени цени на лебот, маслото за јадење, преработениот шеќер. Сепак, преработувачите досега се мачеа да апсорбираат дел од ценовниот притисок, со цел да компензираат дел од трошокот на „стравот“ дека потрошувачките цени ќе се искачат на високи нивоа. На светско ниво, ваквите движења поттикнаа прашања што се провлекуваа во претходниот период: колку долго цената на нафтата ќе остане висока како резултат на немирите на Средниот Исток и Северна Африка? Потоа, уште колку таа може да се зголеми ако ситуацијата се влоши или ако немирите се прошират кон друг голем производител на нафта, како што е Саудиска Арабија? И, секако, со која брзина и во која мера, овие ценовни притисоци може да се пренесат врз потрошувачките цени, директно или пак преку зголемување на цените на инпутите во меѓуфазното производство? Да не заборавиме дека можностите фирмите да поднесуваат дел од овој ценовен товар нема