Posts

Showing posts from February, 2012

Комета на мизеријата (Економија и Бизнис, Јануари 2012)

Image
На 29. јуни, 1456, датум кога Халеевата комета можел a да се види на ноќното небо , a човештвото се плашел o дека таа може да донесе мизерија, глад, или некоја друга катастрофа, папата Каликста III, кој бил на тронот една година, издал официјален декрет против кометата. Неговата наредба била христијаните да се молат кометата – или симболот на "гневот на Бога" – да биде целосно пренасочена против Турците, кои во тоа време биле непријатели на христијанството. Неодамна, угледниот Економист излезе со рангирање на земјите според степенот на нивната мизерија, мерена според големината на невработеноста во земјата и брзината на пораст на цените, односно пад на потрошувачката моќ на граѓаните. На таквото рангирање, Македонија беше рангирана прва, со стапка на мизерија од 35%, пред Венецуела, Иран, Јужна Африка и сл. Иако оваа колумна нема за цел да ја пренасочи ваквата „комета на мизеријата“ кон друг виновник, сепак ќе даде неколку видувања за тоа зошто ваквиот индекс е сериозен,