Posts

Showing posts from May, 2012

Младите и вработувањето (Економија и Бизнис, Април 2012)

Image
По напуштањето на позицијата државен секретар во 1953 година, Дин Ачесон бил запрашан за своите идни планови. „Јас несомнено ќе барам она што е среќно познато како добитно вработување,“ возвратил Ачесон, „што со задоволство можам да кажам дека не е имање работна позиција во јавната администрација ." На крајот на минатата година, скоро 60% од младите во Македонија биле невработени. Споредено со истиот период од 2010, невработеноста кај младите се зголемила за цели 9 процентни поени, од 50.5% во 2010 на 59.4% во 2011. Ваквите бројки ја надминуваат и психолошката граница од 50% невработени млади во Шпанија и Грција и 30% во Португалија и Италија (четирите најпогодени земји од кризата). Со ова, и нашите млади влегуваат во ризикот да бидат „изгубената генерација“, која тешко може да закрепне од последиците на невработеноста и лошиот животен стандард, и претставува голема цена што општествата ќе треба да ја платат во годините што доаѓаат. Но, на светско ниво младите луѓе през