Posts

Showing posts from February, 2013

Едноставно, живеј! (Економија и Бизнис, Јануари 2013)

Image
Еден ден Орсон Велс, познат по неговиот огромен апетит и раскошен начин на живот, бил посетен од еден од неговите многубројни кредитори. Велс објаснил дека не ќе може да го отплати својот долг до некое време во далечна иднина. "Но, како ќе се снаоѓам, додека ве чекам да ми исплатите?", прашал човекот. Велс одговорил: "Едноставно, живеј." Земјите од Централна и Југоисточна Европа поминаа низ светската економска криза и европската должничка криза во релативно добра кондиција. Во моментов, финансиските пазари сеуште покажуваат извесна загриженост околу развојот на настаните во петте најпогодени земји од еврозоната: Грција, Ирска, Португалија, Шпанија и Италија, но не и околу земјите од Централна и Југоисточна Европа (ЦЈИЕ), од кои најголем дел се надвор од еврозоната, па и надвор од самата ЕУ. Да се потсетиме дека инвеститорите во минатото, поради перцепцијата за ризикот на земјата, бараа повисоки премии во земјите од ЦЈИЕ во споредба со напредните западни еко