Posts

Showing posts from September, 2014

Неветено, а остварено

Image
Пол Муни, ѕвездата на неколку големи филмови од триесетите , се стекна со актерска подлога на еврејската сцена. Во една претстава за инаетот на работодавцитепретставен преку еден стипса шеф, паузата меѓу чиновите траела ненормално долго. По шоуто, ја прашале ѕвездата за причината за доцнењето помеѓу двата чина.Муни објаснил дека кон крајот на првиот чин, ликот што го толкувал - страствен подбуцнувач - имал долг монолог, соочувајќи го шефот со низа срцепарателни противречности, завршувајќи со звучно барање да се подобрат условите на експлоатираните работници. Според сценариото, шефот требало да го одбие барањето со голем презир, и да го отпушти подбуцнувачот, и така да се заврши првиот чин. Ама,изведбата на Муни таа вечер билатака моќна и неговата евокација на неправедноста така инспиративна и допирлива, што актерот што го игралскржавиот шеф ентузијастички се согласил со барањата на работниците. Помеѓу чиновите, сценариото морало да се препишува, за да претставата продолжи во новиот