Posts

Showing posts from January, 2016

Глобална економија: Стрмоглав пад?

Цената на суровата нафта започна брз пад после јуни 2014. Овој пад коинцидира со падот на цените на некои други стоки, и го означи крајот на т.н. суперциклус – период на рапидно бумирање на овие цени, што започна порано - некаде на почетокот на 2000-тите. Но, ако погледнеме наназад, ќе забележиме дека падот на цената на нафтата што го гледаме сега, не е нов, односно во историјата може да се забележат најмалку три големи падови. Секој од нив се случуваше во време кога се реструктуираше пазарот на нафта, но и глобалната економија. Првиот беше во средината на 80-тите, кога Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК го напушти фиксирањето на цената на нафтата; вториот на почетокот на 90-тите за време на Заливската војна, а третиот на почетокот на Големата финансиска криза од 2008. Сличноста меѓу сите три е зголемувањето на понудата и промени во политиката на ОПЕК по периодот на зголемување на цените. Ако се суди според историјата, тогаш, цените на нафтата ќе останат релативно нис