Posts

Showing posts from May, 2011

Со среќа, гувернере! (Капитал, 27.05.2011)

Image
Деновиве нашата централна банка го доби четвртиот, по ред, гувернер. Според мое лично мислење, изборот падна на високо-стручна личност, со висок личен и професионален интегритет. Моментот на преземање на функцијата е проследен со остатоците од економската криза и со изразени инфлациски тенденции. Но, иако во моментот инфлацијата на цените покажува извесна перзистентност, како што и се очекуваше, сепак, сметам дека инфлацискиот проблем е повеќе од краткорочен карактер. Бидејќи ефектот од растечките цени постепено се провлекува во т.н. ефекти од втора рунда, веројатно блага реакција на централната банка ќе биде сега неопходна – меѓу другото и за да спречи поизразена појава и интензивирање на инфлациските очекувања. Но, секако ова може да биде само една епизода од секојдневното функционирање на централната банка. Наспроти тоа, мандатот на гувернерот веројатно треба да го обележи нешто друго. Според моето гледиште, на хоризонтот на новиот мандат стојат неколку предизвици. Напуштање на

Бинго! (Капитал, 20.05.2011)

Image
Во една претходна колумна, „Само идејата е капитал“ (Капитал, 01.04.2011 година), дадов неколку идеи што сметав дека се релевантни за да му дадат нов дух и почеток на економскиот амбиент во земјава. Една од идеите беше дека новата економска политика е пожелно да се гради врз основа на искористување на постојниот потенцијал на домашната економија. Притоа, аргументирав дека приоритетот треба да се сврти кон домашните инвеститори, без притоа да се запостават странските инвеститори. После ова, една економска програма на една политичка партија побара да понудам концепт според којшто оваа идеја ќе добие своја операционализација. Оттука, во денешнава колумна сакам да го претставам тој концепт. Основната идеја на овој концепт потекнува од фактот дека сегашната криза го промени економскиот релјеф. Моделот на раст според којшто се развија централно-европските земји, на пример, се базираше на огромни приливи од странски директни инвестиции коишто преку свежиот капитал, технологија и менаџерс