Posts

Showing posts from June, 2017

Економските предизвици на новата влада

Image
Се наоѓаме во предвечерјето на почетокот со работа на новата влада. Вообичаено, дебатата за економските предизвици со кои таа ќе се соочи пополека се појавува и ќе се интензивира кога владата ќе ја достави својата програма во собранието. Еве неколку размислувања за тие економски предизвици. На сосем краток рок, предизвик е да се стабилизиаат економските очекувања. Во текот на двеипол годишната политичка криза, граѓаните станаа разочарани, а домашниот бизнис сектор ги замре своите активности. Потрошувачката на домаќинствата продолжи да придонесува кон економскиот раст со несмален интензитет, главно поради новите вработувања, порастот на пензиите, социјалната помош и порастот на кредитирањето кон населението, но живоста кај луѓето исчезна. Во обичните муабети, доминираа теми како „нема да не биде“, „да фаќаме џаде“ и слично. Неликвидноста во домашниот бизнис сектор кулминираше, особено во последнава половина година. Делумно веројатно поради забавената динамика на измирување на обвр