Денот потоа (Капитал, 17.06.2011)
 
Периодот по светската економска криза го обележува заздравување кое  го префрли економскиот раст од развиените земји во брзорастечките и  земјите во развој. Во 2010 година во развиените земји растот на БДП  изнесуваше 3%, додека во брзорастечките и земјите во развој значителни  7,2%. Во истиот контекст, прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд се  дека во текот на оваа година развиените земји ќе растат со 2,5%, а  земјите во развој со 6,5%. Ваквиот раст на земјите во развој го  зголемува нивното значење на глобалната економска сцена: во просечниот  светски раст тие придонесуваат со околу две третини, а се поголемо е  нивното учество во светските трговски и финансиски текови.  И  покрај ваквите позитивни изгледи за земјите во развој, на хоризонтот се  појавија неколку предизвици. Првата група предизвици се  макроекономските: новиот модел на раст и макроекономската стабилност.     Веќе  нема дилема дека стариот модел на раст, што се засноваше на  надворешната побарувачка, сега треб...
