Posts

Другиот свет (Капитал, 29.04.2011)

Image
Во последните неколку години, а особено годините пред кризата, носителите на политиките во брзорастечките земји и земјите во развој беа преокупирани со две големи прашања: 1. Како да привлечат странски директни инвестиции кои ќе им креираат нови работни места и ќе пренесат нова технологија и менаџерски вештини; и 2. Како да ги зголемат јавните инвестиции во продуктивни цели за да креираат раст. Сега, откако кризата полека згаснува, стана јасно дека новиот модел на раст не може повторно да се темели на странски директни инвестиции, барем не во таа мера во која се темелеше пред кризата. Но, исто така стана јасно дека инвестициите во јавни стоки треба да продолжат со засилено темпо со цел да го хранат растот, но и да ја направат земјата подобро место за живеење. Всушност, земјите кои пред кризата растеа со огромни стапки на раст, како вишеградските и балтичките земји, уште многу порано ја препознаа недоволната инфраструктура – несоодветните патишта, запустените аеродроми, ма...

Чекај, чекај.... (Капитал, 08.04.2011)

Image
Пред да продолжам со дискусии во областа на економијата, на кратко повторно сакам да се навратам на една тема којашто исто така го окупира мојот интерес – научно-истражувачката работа. Секако, се` што зборувам во оваа колумна се однесува само на економската наука. Се` започна со дизајнирање нов Закон за високо образование во којшто научната дејност, со најмалку дваесет-годишно задоцнување, се постави на ниво на наставната дејност на универзитетите. Читателите ќе се сетат – имаше многу негодување, главно затоа што после 20 години научна летаргија е многу тешко да се влезе во научно-истражувачката машина, којашто бара многу време, посветеност, знаење и, секако, финансиски средства. И не е важно кој за тоа е виновен – дали тие што треба да истражуваат, но тоа не го сториле бидејќи немале обврска, или пак законодавецот, којшто тоа не го регулирал од непознати причини. За несреќа, проблемот е во тоа што, како и за сите други работи, во нашиот менталитет работите тешко функционираат ако ...

Само идејата е капитал (Капитал, 01.04.2011)

Image
"Не држете ме за збор," рекол еднаш Пер Јакобсон, извршниот директор на ММФ во 1959 година, "но, светската инфлација заврши." Не само што инфлацијата се појави повторно во шеесетите, туку и седумдесеттите одбележаа невидена комбинација на бавен економски раст и растечки цени, односно стагфлација. Значи, прогнозата на Јакобсон била сосема погрешна. Повеќе неслучајно отколку случајно, и македонските државни прогнози за економскиот раст вообичаено ги натфрлуваат економските остварувања, или она што во стручниот жаргон сe вика – државните проекции за растот се секогаш нагорно пристрасни. Во четвртиот квартал од 2010 економијата оствари пораст од 2.3% на годишно ниво, овозможувајќи економијата во 2010 да се заокружи со само 0.7% раст, што е само една третина од државната проекција, а само една десеттина (и помалку) од фамозно-посакуваните пусти желби за раст од шест до осум отсто. Па, што е проблемот? Секако, не е проблемот во тоа да се проектираат разумно високи ста...

Вовед во монетарна политика (Капитал, 25.03.2011)

Image
За време на мандатот на Алан Гринспен како претседател на Федералните Резерви на САД, односно гувернер на Централната банка на САД, пазарните играчи го следеа секој негов збор и движење, со цел да ја предвидат насоката и големината на промените во основната каматна стапка – што претставува основен сигнал за `движењето` и стојалиштето на монетарната политика. Го следеа во се` - од тонот на неговиот глас до очигледната дебелина на неговата се`присутна актовка. Гринспен беше секогаш разбирливо внимателен во изборот на неговите зборови. За време на една прилика, тој се сретнал со еден пријател и вообичаено бил прашан како е. „Всушност,“ одговорил Гринспен, „не ми е дозволено да кажам!“ Македонија го доби четвртиот по ред гувернер на НБРМ. Пред да му честитам за изборот во следната колумна, сакам да се навратам на една неприлика со којашто тој се соочи уште неизбран, па беше приморан да дава дополнителни објасувања. (За среќа, тие беа внимателно дадени, на ниво на Гринспен!) Имено, му...

За кого бијат камбаните (Капитал, 18.03.2011)

Image
Пред три години, кога финансиската криза беше на своите почетоци, носителите на политиките, особено во развиените земји, се соочија со необичен сплет на настани: од една страна, дислокацијата на кредитните пазари беше закана за побарувачката и изврши надолен притисок врз инфлацијата. Од друга страна, забрзаниот раст во Азија и недостигот од житни производи што и тогаш се јави на глобалниот пазар, извршија нагорен притисок врз цените на нафтата и некои прехранбени производи. Во јули 2008, еден барел нафта чинеше речиси 150 долари. Повисоката цена на нафтата дополнително ја `стегна` побарувачката, ама повеќе додаваше, отколку што одземаше од инфлаторниот притисок. Потоа, глобалната економија почна забрзано да паѓа – инфлацијата го достигна својот `пик` во септември, а потоа стрмоглаво се доближи до нула. Бидејќи ниедна земја „не е остров, сам за себе...“, овие движења брзо се пренесоа во нашата економија – инфлацијата во 2008 порасна на над 8%, а е...

Либиска инфлација (Капитал, 04.03.2011)

Image
Повисоките цени на нафтата, житарките и другите стоки почнавме да ги гледаме во малопродажбата – зголемени цени на лебот, маслото за јадење, преработениот шеќер. Сепак, преработувачите досега се мачеа да апсорбираат дел од ценовниот притисок, со цел да компензираат дел од трошокот на „стравот“ дека потрошувачките цени ќе се искачат на високи нивоа. На светско ниво, ваквите движења поттикнаа прашања што се провлекуваа во претходниот период: колку долго цената на нафтата ќе остане висока како резултат на немирите на Средниот Исток и Северна Африка? Потоа, уште колку таа може да се зголеми ако ситуацијата се влоши или ако немирите се прошират кон друг голем производител на нафта, како што е Саудиска Арабија? И, секако, со која брзина и во која мера, овие ценовни притисоци може да се пренесат врз потрошувачките цени, директно или пак преку зголемување на цените на инпутите во меѓуфазното производство? Да не заборавиме дека можностите фирмите да поднесуваат дел од овој ценовен товар нема...