Политики и балони

Изборната кампања на Фаас Еверхарт за премиер во 1910 година беше засенета од успесите на економската политика на премиерот  Тео Хамскерк. Поразен на изборите, Еверхарт се пензионираше на неговата фарма пред повторно да се вклучи во политичкиот живот во 1925 година. Иако тој беше очигледно непопуларен во јужните региони од земјата, кога Еверхарт освои само девет (да, девет) народни гласови во цела Валонија, неговите поддржувачи ја обвинија другата страна за измама. "Да, измама", иронично одговори еден Валонец. "И ние се`уште сме во потрага по гадот кој гласал девет пати!"

Во последниот квартал од 2013 година, Македонската економија порасна за 3.2%, така резултирајќи во вкупен годишен раст за целата 2013 година од 3.1%. Паралелно, невработеноста понатаму опадна за 0.1 процентен поен на 28.6%, што е еднакво на над 40.000 нето креирани работни места за период од една година. Со вакви бројки сме на прагот на изборната кампања за следните парлментарни избори. Тие, како одраз на економските политики, но и на некои економски балони, ќе му донесат уште една изборна победа на нашиот Хамскерк. Дополнително, облагородени со економската безидејност и непознавањето основни економски принципи, тие ќе го вратат на фарма нашиот Еверхарт, за некое неодредено време. Но, во оваа колумна сакам повеќе да се концентрирам на економските политики и балони на нашиот Хамскерк, без притоа да целам кон исцрпност, туку повеќе да дадам слика на најважните од нив, што очигледно обележуваат цела една деценија.

Прво, тоа е економската политика на привлекување странски директни инвестиции. Често критикувана, и суштински и паушално, се чини дека оваа политика која почна со еден обичен балон на врвот од зградата на владата, сега добива свои позначајни ефекти. Привлечени од подобрената бизнис клима, ниските даноци, директните владини финансиски инјекции, како и ефтината, иако не премногу квалификувана работна сила, странските инвеститори почнаа да доаѓаат и да се креираат работни места. Сакале ние да признаеме или не, странските фабрики ќе станат мотор на оваа економија, наспроти маките 20 години наназад да направиме нешто самите без притоа да се потпираме на странци. Во тоа не успеавме. Сега, странските фабрики, не само што ќе отворат нови работни места, туку и ќе влијаат врз општата продуктивност и општата работна клима во Македонија. Секако, ваквата политика има и свои нус појави, за кои зборував во повеќе наврати. Прво, странските фабрики доаѓаат тука затоа што може нас Македонците да не` платат малку, нешто над минималната плата. Земи минимална плата, или седи невработен. Тоа е нивното мото. Второ, странските фабрики се случија да бидат во сфера на не така ниска технологија, што значи нема да ги привлечат најмалку образованите и најсиромашните, односно на среден рок ќе генерираат раст кој што не е pro-poor, односно којшто нема значајно да ја намали сиромаштијата, туку ќе го зголеми јазот меѓу богатите и сиромашните.



Второ, тоа е економската политика на форсирање еден економски сектор - градежништвото, па макар биле градени само пусти ѕидишта. И оваа политика често критикувана, најмногу поради непродуктивните градења сврзани со Скопје 2014, на агрегатно ниво се чини дека дава ефекти. 2-3 години наназад, токму поради импозантниот раст во градежништвото, вкупниот раст на економијата беше позитивен. Аргументот којшто често го слушавме беше дека градежништвото ќе ги повлече и секторите на своите добавувачи, кои не остварија импозантни растови, но ефектите врз нив ќе беа веројатно понегативни ако го немаа градежниот сектор како купувач на нивните производи и услуги. Исто така, градежниот сектор консумира неквалификувана и полу-квалификувана работна сила, што во моментот е pro-poor policy и како таква е контра тежа на политиката на инвестиции. Главната критика на оваа политика секако е инвестирањето во споменици и административни згради, наспроти огромната потреба за инвестиции во инфраструктура, здравство, образование, енергетика. Не знам дали за инат на скептиците како мене, кои ја критикуваа оваа политика, во послените година дена и повеќе, оваа политика почна да го врти својот фокус токму кон продуктивни проекти, како што се патишта, набавки во здрвството, инвестиции во енергетските капацитети и сл. Но, секако, важно е тие да покажат дека не биле контаминирани со сомнителни зделки.

Трето, тоа е економскиот балон на зголемување на тековните трошења во буџетот – платите, пензиите и социјалата – со цел да се потхранува една голема и забревтана гласачка машинерија. Немам дилема дека вакво нешто би правела секоја влада. Но, ова не е економска политика, туку економски балон. Од повеќе причини. Прво, тековните трошења се доминантна категорија во буџетот и нивното понатамошно зголемување само дополнително го изедува просторот за продуктивни инвестиции со среднорочна корист, или ако тоа не го прави, тогаш врши притисок врз долгот. Второ, со позначителното интензивирање на економскиот раст и зајакнување на побарувачката, зголемување на пензиите, платите и социјалата е еднакво на вбризгување пари во економијата кои потенцијално не се поддржани со поголема продуктивност. Тоа може лесно да предизвика ценовна експлозија и да ја оневозможи централната банка да води политика на евтини пари, што ќе го инхибира кредитирањето и ќе го ретардира растот. Трето, пензискиот буџет е во длабока криза. Околу една третина од предвидените пензиски расходи секој месец се задоволуваат со дотур од вкупниот буџет. Налет што товарот што ние тековните генерации работници го поднесуваме за тековната генерација пензионери станува се` поголем, туку сега треба да финансираме и бањска рекреација на пензионерите, со цел тие да бидат фино расположени на изборниот ден. Четврто, сочувствувам со примателите на социјална помош. Тие се на работ на очајна сиромаштија и секоја помош за нив е значајна. Но, зголемувањето на социјалната помош само го влошува овој проблем. Наместо државата да се заземе за нивна инклузија во општеството и вградување елементарни вештини за поголема вработливост, таа им врши дотур на пари и ги прави овие луѓе со уште поголема склоност кон паразитизам. Тоа е така затоа што тоа за државата е најмал напор потребен за и тие луѓе да се фино расположени на изборниот ден, наспроти големиот напор потребен за дизајн и имплементација на политики како условени парични трансфери, „исплатливост на работата“ и слично.

На крајот, интересно е што сега и политиките и балоните дејствуваат во иста насока: да ја најачаат победата на премиерот Тео Хамскерк од почетокот на оваа колумна. Затоа што ова е краткиот рок. Ми останува само да се надевам дека на долг рок, позитивните ефекти од економските политики ќе ги надминат негативните ефекти од економските балони. Дотогаш, Еверхарт ќе има доволно време да подготви добро обмислени, и фундирани на економските принципи, економски политики.



(Авторот е економски истражувач.)

Comments

  1. Здраво сум г-ѓа, заслуги Надеж, давателот легитимни и сигурен кредит на кредит
    во рокови и услови јасни и разбирливи на 2% каматна стапка. од
    USD $ 12.000 до 8.000.000 $, само евра и евра. И 'давам на бизнис кредити,
    Лични заеми, студентски кредити, автомобилските кредити и заеми да ги платат сметките. ако
    треба заем што треба да направите е за вас да ме контактирате директно
    Во: (merithope6@gmail.com)
    Господ Бог да благослојт Вие.
    Со почит,
    Г-ѓа: заслуги Надеж
    Е-пошта: (merithope6@gmail.com)

    Забелешка: Сите одговор треба да бидат испратени до: (merithope6@gmail.com)

    ReplyDelete
  2. Дали ви треба 100% заем? Јас можам да им служам на вашите финансиски потреби со помалку проблеми со враќањето, затоа ние ве финансираме само за 2%. Без оглед на вашата ситуација, самовработените, во пензија, имаат кредитен рејтинг, можеме да помогнеме. Flexiblerepayment повеќе од 1 до 30 години. Контактирајте не на: comfortfrankloanfirm@gmail.com






    Барате долг или краткорочен кредит

    1 Целосно име: ............................
    2 Контакт адреса: .......................

    3. Држава: .....................

    4.Sex: ...............

    5. Потребно износот на заемот: ....................
    6. Времетраење Кредити: ...........................
    7. Директен телефонски број: .................

    Многу љубов,

    Comfortfrankloanfirm@gmail.com



    Л
    Г-ѓа: удобност

    ReplyDelete
  3. Дали ви треба 100% заем? Јас можам да им служам на вашите финансиски потреби со помалку проблеми со враќањето, затоа ние ве финансираме само за 2%. Без оглед на вашата ситуација, самовработените, во пензија, имаат кредитен рејтинг, можеме да помогнеме. Flexiblerepayment над 1 до 30 years.Contact нас на: ceciliagodfreyloanfirm@gmail.com


    Барате долг или краткорочен кредит

    1 Целосно име: ............................
    2 Контакт адреса: .......................

    3. Држава: .....................

    4.Sex: ...............

    5. Потребно износот на заемот: ....................
    6. Времетраење Кредити: ...........................
    7. Директен телефонски број: .................

    Многу љубов,

    Ceciliagodfreyloanfirm

    Л
    Г-ѓа: Цецилија

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Субвенција за Ринго Стар

Дивиденда, два слоја и ровер

Економските политики во клинч