Posts

Showing posts from March, 2012

Пирова победа (Економија и Бизнис, февруари 2012)

Image
Опасниот и храбар генерал Пир бил регрутиран од страна на грчките градови во јужниот дел на Италија за да се спротивстави на многу помоќните Римјани. Во 279 година п.н.е., неговите инвазивни грчки сили се сретнале и ги победиле Римјаните во битката кај Аскулум во Апулија. Ама, ваквиот ангажман чинел многу скапо: Пир изгубил многу од своите воини, неколку блиски соработници, како и целиот негов багаж. Кога еден од неговите војници му ја честитал на кралот неговата победа, тој славно одговорил: "Уште една ваква победа, и готови сме!" Спасувачката тројка – Европската Комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка – веќе не и веруваат на Грција. Тие досега и одобрија неколку пакети за спас на нејзината економија, но сега се сепнаа дека можеби „фрлаат пари во бунар без дно“. Во средината на февруари, министрите на еврозоната го откажаа состанокот на којшто требаше да го одобрат најновиот спасувачки пакет, под изговорот дека им се потребни подетални информа