Posts

Showing posts from June, 2014

Идеја - петпари

Image
Кога младиот Френк Винфред Вулворт бил продавач во една бакалница, тој се обидел да го убеди неговиот шеф да понудат распродажба за десет центи за да ги намалат залихите. Шефот се согласил, а идејата прераснала во голем успех. Ова го инспирирало Вулворт да отвори своја продавница со цени на артиклите од неколку центи. Бидејќи му бил потребен почетен капитал, тој прво се обратил кај својот шеф, со цел и тој да обезбеди удел во таа продвница. Шефот одбил. "Идејата е премногу ризична", му објаснил на Вулворт. "Нема доволно предмети што може да се продаваат за пет и десет центи." Вулворт продолжил без поддршка од неговиот шеф, и не само што станал успешен со својата прва „петпари“ продавница, туку подоцна прерасна и во сопственик на ланец од Вулворт продавници низ целата земја. Подоцна, неговиот поранешен шеф бил слушнат како забележува: "Колку што можам да дознаам, секој збор што му го кажав на Вулворт за да го спречам во неговата намера ме чини околу еден милио