Posts

Showing posts from June, 2015

Прогресивен данок

Image
Во сред политичка криза, тек-тук провејуваат некои идеи за враќање кон прогресивното оданочување, односно оптоварување на побогатите слоеви со повисока стапка на персонален данок од доход. Генезата на ваквата идеја лежи во фактот што Македонија се соочува со флагрантна нееднаквост во распределбата на доходот: најбогатите 10% од населението зафаќаат повеќе од една третина од вкупниот доход, додека најсиромашните 10% само 2% од доходот. Во прилог на тоа оди и тезата дека и покрај тоа што во последниве години Македонија генерира одредена стапка на економски раст, намалувањето на сиромаштијата е тешко и бавно, што укажува дека поголем дел од тој раст оди кај побогатите слоеви. Зошто прогресивното оданочување нема да ја поправи оваа слика, или нема да ја поправи значително? Зошто не треба да се враќаме кон прогресивното оданочување? Еве неколку размислувања. Прво, литературата е согласна дека повисок данок за богатите ќе ги направи помалку богати, но не е согласна дека тоа ќе дове