Posts

Showing posts from November, 2016

Храбра, но (по)паметна фискална политика по изборите

Во време на продукцијата на „Покриениот вагон“ (1923), еден амбициозен филм за пионерите кои тргнаа кон Западот во 1840-те, шефот на студиото Парамаунт, Адолф Зукор, почнал да се грижи за растечкиот буџет на филмот и му наредил на продуцентот Џеси Ласки да ја суспендира продукцијата на филмот. „Театрите, објаснил тој, се жалат за бројот на вестерни што се произведуваат и се жедни за нешто различно“. „`Вагонот` не е вестерн“, возвишено се спротивставил Ласки. „Тоа е епска приказна.“ „Епска приказна?“ возбудено реплицирал Зукор. „Па, тоа е различно – тогаш, терајте понатаму !“ Јавниот долг на Македонија ја премина психолошката бариера од 50 проценти од БДП и со издавањето на последната еврообврзница се искачи на 50.6 отсто . Навидум, ова ниво на јавниот долг не е високо, особено ако се има предвид дека многу земји се доближуваат или ја надминуваат границата од 100 насто јавен долг од БДП. И, навистина, ова ниво на јавен долг немаше да ме загрижува ако не беа проблематични два други