Posts

Showing posts from December, 2014

Уџи слободно

Image
Вообичаено, декември е месец кога правиме пресек на сработеното и постигнатото во годината што изминува. И јас во декемвриската колумна си го поставувам прашањето, по што ќе ја запаметам 2014 година. Се сеќавате дека лани напишав дека 2013 ќе ја запамтам по Ѓокица кој делеше ситни пари во прајм тајм, како и по баба Рада, која немајќи ниту ситни пари, се расфрлаше со билки во некој офсајд термин? Сакал или не сакал, и оваа година ќе ја паметам по овие два лика. Ѓокица го нема повеќе да се расфрла со ситни пари. A ко парите ги немаш, а сакаш со нив да се расфрлаш, ќе дојде денот кога ќе треба тие пари да си ги прибереш назад. Како што при расфрлањето правиш сите да те сакаат, кога ќе се обидеш да си ги прибереш, сите ќе почнат, еден по еден, да те отсакуваат. Особено ако сакаш да прибереш од едни, а други ги издвоиш како привилегирани. Годинава ќе остане запаметена по крахот на една доктрина која во претходните осум години ни беше продавана како најефективната економска политик