Posts

Showing posts from March, 2015

Монетарни мерки

Во јануари видовме два монетарни потега на два клучни играчи на европско, а веројатно и на глобално тло: `одврзувањето` на швајцарскиот франк од еврото и објавата од страна на Европската Централна Банка на програмата за квантитативно олеснување, односно откупувањето државни обврзници од земјите членки на еврозоната, со цел да се вбризга ликвидност во системот која на среден до долг рок ќе го поттикне растот. Еве неколку размисли во врска со овие потези. Во екот на кризата, Швајцарската Народна Банка (СНБ) го фиксираше курсот на франкот во однос на еврото на 1.20 франци за 1 евро, со цел да ги лимитира притисоците за апрецијација на домашната валута, која се закануваше да го поскапи швајцарскиот извоз и да го инхибира растот на економијата. За да го одбрани фиксниот курс, СНБ откупи евра во висина близу до годишниот износ на швајцарскиот БДП, издавајќи толкав износ на долг деноминиран во домашната валута. Според тоа, и ова е една форма на квантитативно олеснување. СНБ откупи средс