Posts

Showing posts from April, 2015

Инвестиции, образование, емиграција, редистрибуција

Image
И покрај надолниот тренд на вкупната невработеност што странските фабрики и државно-индуцираната градежна активност го извршија врз стаката на невработеност – сведувајќи ја во последниот квартал од 2014 на 27.6%, невработеноста на младите останува висока. Во четвртиот квартал од 2014 таа изнесува 50.4%, без очигледна тенденција за нејзино намалување. Оваа стапка е и квантитативен показател за `задушените` можности за младите и нивниот сон, но не и реалност за подобар живот. Четири тенденции во нашето општество се главни детерминанти на оваа младешка стапка на невработеност, или попрецизно кажано, на нејзината перзистентност околу или над 50%: странските директни инвестиции, образованието, емиграцијата и редистрибуцијата. Гигантски напори се вложуваат за привлекување на странските инвеститори и, иако тој процес не оди подмачкано, некакви резултати се наѕираат. Економистите знаат дека тие фабрики плаќаат плати околу или нешто повеќе од минималната за просечниот работник, но добри