Posts

Showing posts from June, 2012

Лаги, лаги и статистика (Економија и Бизнис, Јуни 2012)

Image
Во 1904 година, Мата Хари го напуштила својот сопруг, инаку Холандски воен офицер, го променила своето има и се преселила во Париз. Наскоро станала меѓународно позната како егзотичната „индиска“ танчерка на еден познат париски клуб, затоа што, како што еднаш и самата признала „... јас и никогаш не знаев да танцувам убаво. Луѓето доаѓаа за да ме гледаат затоа што јас бев првата што се претставував пред публиката гола...“ Во 1999 година се роди заедничката европска валута - еврото. На почетокот служеше само за пресметковни цели на 11 земји членки на Европската Унија. Меѓу нив не беше Грција. Таа ја прифати заедничката валута во 2001 година, а од следната 2002, сите 12 земји членки го воведоа еврото во физичка употреба. Зошто Грција не можеше да се приклучи на евро клубот и да танцува заедно со останатите 11 земји уште од самиот почеток во 1999 година? Тоа е затоа што овие земји требаше да исполнат одредени критериуми околу нивната таканаречена номинална конвергенција, што го вклуч

Хотел Калифонија (Економија и Бизнис, Мај 2012)

Image
Една вечер, Дон Хенли од легендарните Eagles си поминал убави моменти со една од неговите девојки на ноќта. Во раните утрински часови, таа заклучила: „Дон, ти си крал...“, инсистирајќи „... те молам внеси ме во твојот хотел Калифорнија“. Ќе се сетат читателите дека тоа е популарната песна на Eagles којашто зборува за еден хотел кадешто можеш да влезеш, но не можеш да излезеш. Како што зборував во една претходна колумна, сега Грција влезе во состојба на политичка криза, затоа што ниедна партија не освои доволно мнозинство за да формира влада, а напорите за коалицирање пропаднаа. Сега, ќе ги чекаме новите избори во јуни. Но, што да очекуваме да се случи? Ако Алексис Ципрас, противникот на пакетот за спасување, противникот на големата Тројка, партијата Сириза, победи и почне да формира влада, тогаш вториот пакет за спас на економијата несомнено веднаш ќе биде сопрен. Од друга страна, ако централно-десничарската Неа Демократија победи и има можност да формира влада, како што прогноз