Posts

Showing posts from June, 2011

Денот потоа (Капитал, 17.06.2011)

Image
Периодот по светската економска криза го обележува заздравување кое го префрли економскиот раст од развиените земји во брзорастечките и земјите во развој. Во 2010 година во развиените земји растот на БДП изнесуваше 3%, додека во брзорастечките и земјите во развој значителни 7,2%. Во истиот контекст, прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд се дека во текот на оваа година развиените земји ќе растат со 2,5%, а земјите во развој со 6,5%. Ваквиот раст на земјите во развој го зголемува нивното значење на глобалната економска сцена: во просечниот светски раст тие придонесуваат со околу две третини, а се поголемо е нивното учество во светските трговски и финансиски текови. И покрај ваквите позитивни изгледи за земјите во развој, на хоризонтот се појавија неколку предизвици. Првата група предизвици се макроекономските: новиот модел на раст и макроекономската стабилност.  Веќе нема дилема дека стариот модел на раст, што се засноваше на надворешната побарувачка, сега треба да

ДОМА СИ Е ДОМА (Kaпитал, 02.06.2011)

Image
И покрај тоа што во годините пред кризата македонската економија постигна добри стапки на економски раст, се покажа дека тоа не се рефлектираше врз намалување на сиромаштијата, туку напротив, оваа бројка ја премина психолошката граница од 30% и ја влоши распределбата на доходот. Последново, всушност, значи дека богатите станале уште побогати, а сиромашните уште посиромашни. Ова, заедно со растечките цени од месец во месец, придонесува просечниот македонски граѓанин да може се потешко и потешко да ги задоволи основните животни потреби. Ако експанзивен бизнис-циклус не може да ја намали сиромаштијата и да ја подобри распределбата на доходот во Македонија, тогаш мора да постои друга сила којашто дејствува со поголема јачина во спротивната насока. Секако, таа сила мора да произлегува од поставеноста на јавните политики во претходниот период. Најпрвин, влошувањето на сиромаштијата и распределбата на доходот во голем дел може да се објаснат со поставеноста на фискалната политика на страната