Posts

Showing posts from April, 2011

Другиот свет (Капитал, 29.04.2011)

Image
Во последните неколку години, а особено годините пред кризата, носителите на политиките во брзорастечките земји и земјите во развој беа преокупирани со две големи прашања: 1. Како да привлечат странски директни инвестиции кои ќе им креираат нови работни места и ќе пренесат нова технологија и менаџерски вештини; и 2. Како да ги зголемат јавните инвестиции во продуктивни цели за да креираат раст. Сега, откако кризата полека згаснува, стана јасно дека новиот модел на раст не може повторно да се темели на странски директни инвестиции, барем не во таа мера во која се темелеше пред кризата. Но, исто така стана јасно дека инвестициите во јавни стоки треба да продолжат со засилено темпо со цел да го хранат растот, но и да ја направат земјата подобро место за живеење. Всушност, земјите кои пред кризата растеа со огромни стапки на раст, како вишеградските и балтичките земји, уште многу порано ја препознаа недоволната инфраструктура – несоодветните патишта, запустените аеродроми, ма

Чекај, чекај.... (Капитал, 08.04.2011)

Image
Пред да продолжам со дискусии во областа на економијата, на кратко повторно сакам да се навратам на една тема којашто исто така го окупира мојот интерес – научно-истражувачката работа. Секако, се` што зборувам во оваа колумна се однесува само на економската наука. Се` започна со дизајнирање нов Закон за високо образование во којшто научната дејност, со најмалку дваесет-годишно задоцнување, се постави на ниво на наставната дејност на универзитетите. Читателите ќе се сетат – имаше многу негодување, главно затоа што после 20 години научна летаргија е многу тешко да се влезе во научно-истражувачката машина, којашто бара многу време, посветеност, знаење и, секако, финансиски средства. И не е важно кој за тоа е виновен – дали тие што треба да истражуваат, но тоа не го сториле бидејќи немале обврска, или пак законодавецот, којшто тоа не го регулирал од непознати причини. За несреќа, проблемот е во тоа што, како и за сите други работи, во нашиот менталитет работите тешко функционираат ако

Само идејата е капитал (Капитал, 01.04.2011)

Image
"Не држете ме за збор," рекол еднаш Пер Јакобсон, извршниот директор на ММФ во 1959 година, "но, светската инфлација заврши." Не само што инфлацијата се појави повторно во шеесетите, туку и седумдесеттите одбележаа невидена комбинација на бавен економски раст и растечки цени, односно стагфлација. Значи, прогнозата на Јакобсон била сосема погрешна. Повеќе неслучајно отколку случајно, и македонските државни прогнози за економскиот раст вообичаено ги натфрлуваат економските остварувања, или она што во стручниот жаргон сe вика – државните проекции за растот се секогаш нагорно пристрасни. Во четвртиот квартал од 2010 економијата оствари пораст од 2.3% на годишно ниво, овозможувајќи економијата во 2010 да се заокружи со само 0.7% раст, што е само една третина од државната проекција, а само една десеттина (и помалку) од фамозно-посакуваните пусти желби за раст од шест до осум отсто. Па, што е проблемот? Секако, не е проблемот во тоа да се проектираат разумно високи ста