Posts

Showing posts from March, 2014

Политики и балони

Image
Изборната кампања на Фаас Еверхарт за премиер во 1910 година беше засенета од успесите на економската политика на премиерот  Тео Хамскерк. Поразен на изборите, Еверхарт се пензионираше на неговата фарма пред повторно да се вклучи во политичкиот живот во 1925 година. Иако тој беше очигледно непопуларен во јужните региони од земјата, кога Еверхарт освои само девет (да, девет) народни гласови во цела Валонија, неговите поддржувачи ја обвинија другата страна за измама. "Да, измама", иронично одговори еден Валонец. "И ние се`уште сме во потрага по гадот кој гласал девет пати!" Во последниот квартал од 2013 година, Македонската економија порасна за 3.2%, така резултирајќи во вкупен годишен раст за целата 2013 година од 3.1%. Паралелно, невработеноста понатаму опадна за 0.1 процентен поен на 28.6%, што е еднакво на над 40.000 нето креирани работни места за период од една година. Со вакви бројки сме на прагот на изборната кампања за следните парлментарни избори. Тие,