Posts

Showing posts from February, 2014

Сиромавиот Балзак

Image
Откако препознал ветувачки млад писател, еден париски книжар одлучил да му понуди на сиромавиот Балзак 3.000 франци за неговиот следен роман. Но, кога видел дека неговата адреса се наоѓа во еден беден кварт од градот, ја спуштил цената на 2.000 франци. Кога, во посета на домот на писателот, книжарот видел дека Балзак живее на последниот кат, неговата понуда паднала на 1.500 франци. Конечно, кога тој влегол во мансардата на Балзак и го затекнал човекот како брцнува една застоена кифла во чаша со вода, цената ја спуштил на 300 франци. Стапката на сиромаштија во Македонија опстојува на високо ниво од 27.1% во 2011 година и се намали за само 0.2 процентни поени во однос на годината пред неа. Низ периодот на транзиција, таа постојано растеше, почнувајќи од околу 19% во 1997 (најраната година за која податок постои). Но, позагрижувачки податок е оној за распределбата на богатството. Најбогатите 10% граѓани во 2000 година располагале со 25.8% од вкупниот доход, додека десет години подоц