Posts

Showing posts from 2015

Идеја - петпари (2)

Image
Длабоката политичка криза во Македонија, всушност, откри дека институционалниот систем не функционира по општоприфатени правила, односно би рекле дека политичката криза се сведува на институционална криза. На јавноста и ` се потврди она што претходно беше јавна тајна, дека институциите може да бидат злоупотребени за недржавни, најчесто политички и уште повеќе лични цели. Државен функционер може да се јави на друг државен функционер и да нарача инспекција, специјално подготвена да казни или дури затвори некоја фирма, без оглед што можеби таа фирма целосно ги почитува законските прописи и стандардите во работењето. Да немаме дилема, ова е една опасна форма на корупција. Таа не неопходно вклучува мито, односно нејзината примарна цел не е да изнуди финансиски средства, но таа не му дава на приватниот сектор да дише и директно го корумпира растот на економијата. На пример, Рохини Панде во „Разбирање на политичката корупција во нискодоходни земји“ прави интересен преглед на литература

Економски модел?

Image
Деновиве, а и во еден подолг период наназад, владиниот економски модел за развој, кој се базира на привлекување странски инвеститори во технолошко-индустриски развојни зони во кои тие добиваат големи финансиски олеснувања, се најде изложен на сериозни критики, како во политичката, така и во експертската фела. Бранот критики беше поттикнат од најавата за повлекување на фабриката порано позната како Џонсон Контролс, која беше и првата позначајна странска (гринфилд) инвестиција во земјата. Ваквата одлука – без разлика дали се заснова на тоа дека финансиските олеснувања истекуваат, или е чисто поврзана со преструктуирањето во таа компанија – наметнува потреба за преоценување на потенцијалот и ефектите од овој развоен модел. Всушност, се најдуваме во уште едно предизборие како последица на политичката криза која започна порано годинава. Ова е период во кој политичктие партии, претпоставувам, ги скицираат своите политички програми. Клучно за живеачката ќе биде економскиот модел за разв

Грција и Европа

Image
Претходниот месец Алексис Ципрас и Грчкиот парламент ги прифатија тешките услови за штедење и структурни реформи од тројката – Европската Комисија, Европската Централна Банка и Меѓунарониот Монетарен Фонд, конечно избегнувајќи банкротирање на земјата и излез од заедничката валута. Ваквиот пресврт беше, за прв пат и во голема мера, неочекуван, после референдумот од 5 јули на којшто мнозинството Грци се изјаснија против претпоследниот предлог на тројката којшто содржеше полабави услови од оние последните. Аргументите на противниците на останувањето на Грција во Еврозоната одеа во насока на тоа дека излезот ќе биде болен и мачен, но средниот и долгиот рок ќе донесат за земјата посолидни фундаменти за побрз раст и побрзо враќање на меѓународната конкурентност на економијата. Вака, во Еврозоната, јасно е дека Грција ќе мора да спроведува т.н. внатрешна девалвација, која главно се сведува на намалување на платите на јавната администрација, рез на државните трошења, намалување на пензиите,

Прогресивен данок

Image
Во сред политичка криза, тек-тук провејуваат некои идеи за враќање кон прогресивното оданочување, односно оптоварување на побогатите слоеви со повисока стапка на персонален данок од доход. Генезата на ваквата идеја лежи во фактот што Македонија се соочува со флагрантна нееднаквост во распределбата на доходот: најбогатите 10% од населението зафаќаат повеќе од една третина од вкупниот доход, додека најсиромашните 10% само 2% од доходот. Во прилог на тоа оди и тезата дека и покрај тоа што во последниве години Македонија генерира одредена стапка на економски раст, намалувањето на сиромаштијата е тешко и бавно, што укажува дека поголем дел од тој раст оди кај побогатите слоеви. Зошто прогресивното оданочување нема да ја поправи оваа слика, или нема да ја поправи значително? Зошто не треба да се враќаме кон прогресивното оданочување? Еве неколку размислувања. Прво, литературата е согласна дека повисок данок за богатите ќе ги направи помалку богати, но не е согласна дека тоа ќе дове

Инвестиции, образование, емиграција, редистрибуција

Image
И покрај надолниот тренд на вкупната невработеност што странските фабрики и државно-индуцираната градежна активност го извршија врз стаката на невработеност – сведувајќи ја во последниот квартал од 2014 на 27.6%, невработеноста на младите останува висока. Во четвртиот квартал од 2014 таа изнесува 50.4%, без очигледна тенденција за нејзино намалување. Оваа стапка е и квантитативен показател за `задушените` можности за младите и нивниот сон, но не и реалност за подобар живот. Четири тенденции во нашето општество се главни детерминанти на оваа младешка стапка на невработеност, или попрецизно кажано, на нејзината перзистентност околу или над 50%: странските директни инвестиции, образованието, емиграцијата и редистрибуцијата. Гигантски напори се вложуваат за привлекување на странските инвеститори и, иако тој процес не оди подмачкано, некакви резултати се наѕираат. Економистите знаат дека тие фабрики плаќаат плати околу или нешто повеќе од минималната за просечниот работник, но добри

Монетарни мерки

Во јануари видовме два монетарни потега на два клучни играчи на европско, а веројатно и на глобално тло: `одврзувањето` на швајцарскиот франк од еврото и објавата од страна на Европската Централна Банка на програмата за квантитативно олеснување, односно откупувањето државни обврзници од земјите членки на еврозоната, со цел да се вбризга ликвидност во системот која на среден до долг рок ќе го поттикне растот. Еве неколку размисли во врска со овие потези. Во екот на кризата, Швајцарската Народна Банка (СНБ) го фиксираше курсот на франкот во однос на еврото на 1.20 франци за 1 евро, со цел да ги лимитира притисоците за апрецијација на домашната валута, која се закануваше да го поскапи швајцарскиот извоз и да го инхибира растот на економијата. За да го одбрани фиксниот курс, СНБ откупи евра во висина близу до годишниот износ на швајцарскиот БДП, издавајќи толкав износ на долг деноминиран во домашната валута. Според тоа, и ова е една форма на квантитативно олеснување. СНБ откупи средс