Posts

Showing posts from October, 2011

Шеик (Капитал, 21.10.2011)

Image
Си бил еден шеик кој имал три жени, единаесет сина и тринаесет ќерки. Неговата амбиција од приватниот пополека се пресликала и во професионалниот живот. Уште рано во својата кариера тој го водел врховниот совет за планирање во својот емират, којшто бил задолжен за поставување и водење на главните економски и социјални политики. Подоцна, шеикот во свои раце го презел и тековното водење на бизнисот со нафта и природен гас, на државно ниво. Ваквиот развој на настаните ја направил неговата држава најбрзорастечката економија во светот. Веројатно погодувате, ова не е измислена приказна, туку станува збор за емирот на државата Катар. Проценетиот раст на катарската економија за 2011 година изнесува 21%. Не, ова не е бројка со испуштена децимална запирка! Ваков раст, всушност, значи дека доходот (по глава на жител) во земјата ќе се удвои за помалку од 5 години, што може да претставува сон на секој граѓанин и на секој економски политичар. Но, тој сон му се остварува на шеикот Хамад бин Калифа

Таџ Махал (Капитал, 7.10.2011)

Image
Во 1629 година, додека била на смртна постела, омилената сопруга на могулот-император, шахот Јахан, ја кажала својата последна желба: могулот да и изгради споменик што ќе ја слави нивната љубов. Резултатот – Таџ Махал, здание за коешто требале 22 години за да се заврши. Нема податок за тоа како оваа изградба влијаела врз економијата на Индија – веројатно во тие времиња тоа и не било важно. Во вториот квартал од 2011 година, македонската економија оствари реален пораст од 5,3%, што го вбројува во оние цифри кои постојано се вртат по медиумите, како цифри што економијата треба да ги постигне за да се почувствуваат благодетите врз животниот стандард на населението. Основата на тој раст – градежната активност на државата. Градежништвото во истиот квартал порасна за импозантни 26%. Бројките се неумоливи и ја потврдуваат тезата на владата дека во што и да се инвестира, тоа ќе даде резултат. Резултатот е тука. Само, разликата е во тоа што некои инвестиции ќе го направат резултатот да се повт