Posts

Showing posts from 2013

Кеш и Лист од малина

Image
Изминува уште еден декември и ја заокружува изминатата 2013 економска година. Во неа отворивме многу економски размисли: дефицит, јавен долг, невработеност, јавна администрација, миграција на млади, инфраструктура, споменици... За волја на вистината, за некои работи видовме и реализација: зголемени пензии и социјална помош, поголеми субвенции за земјоделците, привршување со финансирањето на лукративноста и постепено свртување кон инвестиции во патиштата, железницата и енергетските објекти, што сето ќе не` доведе со економски раст од околу 3%. Но, ако ме прашате по кои ликови ќе ја запаметам годината што изминува, тогаш на мојата листа се само два лика. Првиот лик – да го наречеме Џокица – е оној којшто секоја вечер не` потсетува дека она што во животот е важно е само кеш. Џокица е лицето на нашето секојдневие и затоа тој е ликот по којшто ќе ја паметам оваа година. Имено, Џокица уште од поодамна влезе во нашиот код и забележа дека ние се задоволуваме со ситно: на еден ќе му даде

Метео

Image
За време на временската прогноза во октомври 1987 година, британскиот метеоролог Мајкл Фиш им кажал на гледачите дека "една жена заѕвони за да каже дека наслушнала дека надоаѓа ураган. Па, не грижете се," продолжил тој, "нема такво нешто." Отфрлајќи ја аматерската прогноза со насмевка, Фиш ветил само "морски ветриња" и "дождливи струења." Велика Британија била погодена од ветрови со брзина од 1 8 0 километри на час кои `изгореле` далекуводни кабли од 400 километри, оставиле една четвртина од земјата во темница, блокирале 200 патишта со паднати гранки, срушиле четвртина од дрвјата во Кент и ги застанале сите железнички врски на југот од земјата, и тоа сето во рок од дваесет и четири часа. Една амбулантна кола на островот Хејлинг била удрена од јахта која пловела по патот, а метеоролошката служба го нарекла најлошиот ураган од 1703 година. Деновиве настана општ тренд на пораст на главните економски прогнози, во светот, Европа и во Македон

Покриениот вагон

Image
Во време на продукцијата на „Покриениот вагон“ (1923), еден амбициозен филм за пионерите кои тргнаа кон Западот во 1840-те, шефот на студиото Парамаунт, Адолф Зукор, почнал да се грижи за растечкиот буџет на филмот и му наредил на продуцентот Џеси Ласки да ја суспендира продукцијата на филмот. „Театрите, објаснил тој, се жалат за бројот на вестерни што се произведуваат и се жедни за нешто различно“. "`Вагонот` не е вестерн", возвишено се спротивставил Ласки. "Тоа е епска приказна." "Епска приказна?" возбудено реплицирал Зукор. "Па, тоа е различно – терајте понатаму!" Станува се` поизвесно дека фискалната 2013 година ќе ја завршиме со буџетски дефицит од 3.8% од бруто производството на нашата економија. Да се потсетиме дека пред неколку месеци, тогашното проектирано ниво на дефицит од 2.5% беше подигнато на 3.5%, поради ветувањето на владата да се раздолжи кон приватниот сектор по однос на обврските за поврат на ДДВ. Но, сега, дури и таа кор

Агент за мигрантски дознаки

Image
„Кога првпат влегов во бизнисот“, се присеќава комичарот Вил Џордан, „ми рекоа дека ми е потребен агент за печат. Па, изнајмив еден – 100 долари неделно. Првата недела, ништо во печатот за мене, па кога го прашав ми рече: `Не бери гајле, зборуваат за тебе`. Следните две недели, нови двесте долари, нема ништо во печат, а тој ми вели: `Не бери гајле, зборуваат за тебе`. Поминуваат уште пет недели. Нови 500 долари во ветер, оти јас не се појавувам во печатот.“ Џордан бил толку гневен што отишол во канцеларијата и го истурил гневот врз агентот. „Се зборува за тебе... се зборува...“, му одговорил тој. „Како тоа? Што велат?“, воскликнал Џордан. „Тие велат – Каде е, што се случи со Вил Јордан???“ Македонија е меѓу малкуте земји во светот кои во однос на бруто производот примаат голем износ на трансфери од нашите иселеници во странство. Според податоците на Народната банка, приватните трансфери изнесуваат високи 18% до 20% од БДП, иако таа категорија вклучува и нерегистриран извоз, девиз

Банкарски прелевања (Економија и Бизнис, Август 2013)

Image
Во 1998, рускиот премиер Евгениј Примаков беше запрашан за плановите на владата за излез на земјата од сериозната банкарска криза. „Ќе повторам“, внимателно одговори Примаков, „нема програма за спас од каков било вид.“ Подоцна, еден поранешен советник на Михаил Горбачов забележа: „Тешко е да се глуми голема моќ кога постојано молите за помош.“ Тековната должничка криза изврши притисок и врз билансите на банките кои се полни со владини обврзници, а продолжената слабост на банкарскиот систем пак продолжува да моли за владина помош. Веќе стана јасно дека своевидната банкарска криза и кризата на државниот долг во Европа треба да се гледаат заедно. Два факта одат во прилог на оваа констатација. Прво, некои банки ја искористија дополнителна ликвидност преку операциите за рефинансирање од ЕЦБ за да купат државни обврзници ја поттикна, наместо да ја олабави, врската меѓу банкарскиот систем и државниот долг. Второ, користењето на Европскиот фонд за финансиска стабилност и Европскиот стаби

Нерешени мистерии (Економија и Бизнис, Јули, 2013)

Image
Во 1939 година, 24-годишниот Џорџ Данциг ги започна своите студии на Универзитетот на Калифорнија во Беркли. "Задоцнив еден ден на едно предавање од Јиржи Нојман", подоцна се сеќаваше тој. "На табла беа поставени два проблема кои претпоставив биле зададени за домашна задача. Ги препишав и неколку дена подоцна му се извинив на Нојман што ми требаше толку долго да ја решам домашна работа – се чинеше дека проблемите се малку потешки од обично. Го прашав дали тој се'уште сака да ја види домашната работа и тој се согласи. По шест недели, едно неделно утро ме разбуди удар на влезната врата. Тоа беше Нојман.“ "Само напишав вовед на еден од твоите документи... Прочитај го за да можам да го испратам веднаш за објавување." – воскликна тој. „Да ја скратам приказната: проблемите на табла кои мислев дека беа домашна задача, всушност, беа две познати нерешени мистерии во економската наука." Грција, Ирска, Португалија, Шпанија, Кипар. За малку и Словенија. Долж

Шопингманија (Економија и Бизнис, Јуни 2013)

Image
Во септември 2003 година, советникот на партијата Лифбар Ден Хаг, Мишел Дуфрес и неговите колеги се обврзаа да ги трошат јавните пари за купување стрипови и играчки (вклучувајќи дигитален фотоапарат, стерео систем, неколку автомобили контролирани преку далечински управувач и очила за сонце). Кое било објаснувањето на Дуфрес? "Предметите се апсолутно релевантни за работата на советниците", изјави тој. "И, колку што знам, тие не можат да сторат ништо околу тоа ... Сега, да, можеби само очилата за сонце - но во тој случај, ние ќе ги вратиме парите назад." На крајот од април 2013 година, долгот на централната влада достигна 34.1% од бруто домашниот производ, што е зголемување од цели 10 процентни поени или 42% во однос на состојбата во 2007 година. За истиот период, надворешниот долг на централната влада се удвоил: денес централната влада должи кон странство околу 790 милиони евра повеќе отколку што должела во 2007 година. Удвојување има и кај внатрешниот долг, пр

Брада (Економија и Бизнис, Мај 2013)

Image
Во 1698 година, како дел од својот обид да ја вестернизира Русија, Петар Велики решил дека повеќе не смее да се носи брада (освен од страна на селаните), и вовел данок на оние кои одбиле да се придржуваат кон овој декрет. Неверојатно, многумина Руси ја напуштиле Русија, попрво избирајќи да ја изгубат нивната земја, отколку да ги изгубат своите долго-негувани бради! Две фрапантни бројки сврзани со младата популација во Македонија проструија во медиумите во последно време: 1. Стапката на невработеност на младите во последниот квартал од 2012 година останува исклучително висока, 53%, што значи дека секој еден од двајца млади луѓе не можат да најдат работа; 2. Од земјава се отселиле 230.000 жители за 13 години, од коишто во голем дел тоа се млади лица кои останале да живеат во емиграција по завршувањето на студиите во странство. Но, двата феномена, иако укажуваат на негативни тенденции во едно општество и економија, сепак не се феномени кои исклучиво се забележуваат на нашето под

Милосрдие (Економија и Бизнис, Април 2013)

Image
Додека една вечер го разгледува л менито во еден њ ујор шки ресторан, Чико Маркс сврте л кон Џорџ Кауфман и реторички забележа л , " Па , што по ѓаволите може да се добие тука за 50 центи?" Кауфман ладно одговорил " Милосрдие. " Во текот на оваа Голема рецесија, се чини дека цените следеа стагнирачки тренд, „пресретнат“ со два надворешни ценовни шока, во 2008 и 2011 година. Иако наизглед стабилните цени (односно ниската инфлација, ако се исклучат двата ценовни шока), беа поволни за носителите на монетарната политика, сепак, споредено со претходните рецесии, тие покажаа чудно однесување. Еден неодамнешен Извештај на Меѓународниот Монетарен Фонд (2013) документира дека во сите претходни рецесии, падот на економската активност бил проследен со намалување на ценовните нивоа, односно со значителни дефлации. Но, во тековната Голема рецесија (2007-денес), тоа не се случи. Во моментот провејуваат две економски објаснувања за ваквото однесување на инфлација

Бољи живот (Економија и Бизнис, Март 2013)

Image
Ела Фицџералд еднаш имала свој перформанс во Колумбија, Јужна Каролина, пред публика од мали деца, кои биле навикнати на песнички од типот "Стариот Мекдоналд имаше фарма." По претставата, еден телевизиски новинар ја интервјуирал публиката и прашал мало момченце што мисли за Ела Фицџералд. "Па, целосно ми се допадна нејзиното пеење", одговорило момчето, "но таа не скрши ниедна чаша!" Очекувањата во економијата може да одиграат клучна улога во остварување одредени резултати, било да се тоа економски или политички. Но, економиите се разликуваат по начинот на формирање на очекувањата од страна на економските агенти – граѓаните и фирмите – во основа, очекувањата може да се формираат адаптивно и рационално. Во економската наука, адаптивни очекувања значат дека луѓето ги формираат своите очекувања за тоа што ќе се случи во иднината врз основа на она што се случило во минатото. Најеклатантен пример е оној со инфлацијата – ако таа била повисока од она што гр