Posts

Showing posts from December, 2015

Идеја - петпари (2)

Image
Длабоката политичка криза во Македонија, всушност, откри дека институционалниот систем не функционира по општоприфатени правила, односно би рекле дека политичката криза се сведува на институционална криза. На јавноста и ` се потврди она што претходно беше јавна тајна, дека институциите може да бидат злоупотребени за недржавни, најчесто политички и уште повеќе лични цели. Државен функционер може да се јави на друг државен функционер и да нарача инспекција, специјално подготвена да казни или дури затвори некоја фирма, без оглед што можеби таа фирма целосно ги почитува законските прописи и стандардите во работењето. Да немаме дилема, ова е една опасна форма на корупција. Таа не неопходно вклучува мито, односно нејзината примарна цел не е да изнуди финансиски средства, но таа не му дава на приватниот сектор да дише и директно го корумпира растот на економијата. На пример, Рохини Панде во „Разбирање на политичката корупција во нискодоходни земји“ прави интересен преглед на литература