Posts

Showing posts from August, 2012

Рецесија по мерка (Економија и Бизнис, Јули 2012)

Image
Последните месеци од мандатот на Џими Картер како претседател беа засенети од рецесија. Американската економија не закрепна повторно се` додека Роналд Реган не дојде на власт (во раните 1980-ти). „Депресија е кога немате работа“, рече Реган откако седна во претседателската фотелја. „Рецесија е кога вашиот сосед нема работа...“ А, закрепнување? „Закрепнување е кога Џими Картер нема работа!“. Во првиот квартал од 2012 година македонската економија се намали за 1.4% во однос на истиот квартал од 2011, додека бројот на невработени порасна за скоро 1%. Во меѓувреме измина и вториот квартал во којшто индустриското производство се намали за 7.2% и 5.4% во април и мај, соодветно, бројот на работници во индустријата се намали за 1.7% и 2.1% во истите месеци, деловните и градежните статистики покажуваат влошени перцепции на бизнис секторот... На повидок е веројатно нова рецесија после онаа од 2009. Но, оваа рецесија е малку поразлична. Прво, рецесијата од 2009 година беше проследена с...