Posts

Showing posts from May, 2013

Брада (Економија и Бизнис, Мај 2013)

Image
Во 1698 година, како дел од својот обид да ја вестернизира Русија, Петар Велики решил дека повеќе не смее да се носи брада (освен од страна на селаните), и вовел данок на оние кои одбиле да се придржуваат кон овој декрет. Неверојатно, многумина Руси ја напуштиле Русија, попрво избирајќи да ја изгубат нивната земја, отколку да ги изгубат своите долго-негувани бради! Две фрапантни бројки сврзани со младата популација во Македонија проструија во медиумите во последно време: 1. Стапката на невработеност на младите во последниот квартал од 2012 година останува исклучително висока, 53%, што значи дека секој еден од двајца млади луѓе не можат да најдат работа; 2. Од земјава се отселиле 230.000 жители за 13 години, од коишто во голем дел тоа се млади лица кои останале да живеат во емиграција по завршувањето на студиите во странство. Но, двата феномена, иако укажуваат на негативни тенденции во едно општество и економија, сепак не се феномени кои исклучиво се забележуваат на нашето под...