Posts

Showing posts from December, 2017

Имаме ли визија за економијата?

Image
Неодамна, економијата на Македонија доби втора шанса за раст и просперитет . По долга и тешка политичка криза, формирањето на Владата во јуни 2017 даде нов поттик на економијата, не толку преку донесување кристално јасна и цврста рамка за водење економска и развојна политика, туку главно преку ослободениот оптимизам и подигнатите очекувања и меѓу граѓаните и меѓу фирмите. Во третиот квартал, економијата порасна за само 0.2% во однос на истиот квартал од претходната година, но тоа повеќе беше ехо на случувањата што претходеа на тој квартал, и всушност, покажа дека ефектите од политичката криза ниту беа незначајни ниту инстантно можат да исчезнат. Но, ако се погледнат некои индикатори кои мерат повеќе перцепции отколку реални остварувања, тогаш постојат добри изгледи економијата да се врати на поздрави патеки за економскиот раст. На пример, кај индикаторот на доверба (слика 1) на раководителите во преработувачката индустрија, кој иако покажуваше некаков раст и во периодот пред мај 20...