Posts

Showing posts from January, 2012

Должничка перница (Економија и Бизнис, Декември 2011)

Image
Еден ден, еден римски благородник умрел, оставајќи зад себе огромни долгови што не биле познати за време на неговиот живот. Откако разбрал дека имотот на благородникот ќе се продава на аукција, Јулие Цезар му наложил на агентот да ја купи перницата за спиење од човекот. Зошто? "Таа перница мора да била особено погодна за спиење", објаснил тој, "ако нејзиниот последен сопственик, и покрај неговите долгови, можел да спие на неа." На крајот на октомври оваа година, јавниот долг на централната влада изнесуваше 25.7 проценти од бруто-домашниот производ, од коишто околу 19 процентни поени отпаѓаат на надворешно задолжување, а остатокот од околу 7 процентни поени на внатрешното задолжување. Овие цифри не ги вклучуваат задолжувањата на јавните претпријатија, така што ако се земе и тоа задолжување, цифрата сигурно би се искачила некаде над 30 проценти од БДП. На крајот од првото полугодие, пак, на оваа година вкупното надворешно задолжување и на јавниот и на приватниот се...