Главатарот и инфлацијата (Економија и Бизнис, август 2012)
Си било еднаш едно племенско општество во далечна Индија. Еден ден, по повод неодамнешниот пораст на цените, главатарот за земјоделство, г-дин Павар рекол: „Монсуните се поволни, инфлацијата ќе се симне до октомври, штом пристигне новата реколта“. Три месеци подоцна, главатарот за финансии, г-дин Пранаб рекол: „Министерството за финансии ги презема сите мерки и инфлацијата ќе се смири до јануари идната година“. Во јануари идната година, главатарот за нафта, г-дин Синг рекол: „Инфлацијата ќе биде под контрола до март“. Замислете што рекол главатарот над главатарите, г-дин Датагупта во март: „Инфлацијата е знак на прогрес“. Цените на меѓународно тргуваната пченка и соја достигнаа нов рекорд во јули 2012, следствено на незабележаното лето во САД и Источна Европа во смисла на високи температури и недостаток на врнежи. Цените на пченицата исто така се искачија на нивоа споредливи со рекордите од 2011. По двомесечен пад во мај и јуни, индексот за цени на храната на Светската банка се ...