Posts

Showing posts from March, 2013

Совршена бура (Економија и Бизнис, Февруари 2013)

Image
Во септември 2003 година, Стив Кандаријан, шефот на Корпорацијата за гарантирање на пензиските бенефиции (квази-владина агенција која осигурува приватни пензиски планови на фирмите во Америка врз основа на дефинирана корисност), пред Конгресната комисија кажа дека дефицитот на Агенцијата се стопи на 5,7 милјарди долари до јули и предупреди дека даночните обврзници ќе мора да ја спасат агенцијата во случај на пропаѓање. Иако Кандаријан ја опиша жалната состојбата на американскиот пензиски систем како "совршена бура" од ниски каматни стапки, слаба глобална економија, и пукнат меур на технологијата (т.н. dot-bomb), критичарите возвратија дека пензискиот јаз е всушност резултат од системски проблеми. „Тоа може да биде совршена бура“, забележа еден службеник во администрацијата на Буш, „но, што, по ѓаволите, правел нашиот пензиски систем со кренато сидро во средината на океанот?“ Од почетокот на пазарната економија, земјите од Централна и Југоисточна Eвропа извршија стр...