Posts

Showing posts from June, 2013

Шопингманија (Економија и Бизнис, Јуни 2013)

Image
Во септември 2003 година, советникот на партијата Лифбар Ден Хаг, Мишел Дуфрес и неговите колеги се обврзаа да ги трошат јавните пари за купување стрипови и играчки (вклучувајќи дигитален фотоапарат, стерео систем, неколку автомобили контролирани преку далечински управувач и очила за сонце). Кое било објаснувањето на Дуфрес? "Предметите се апсолутно релевантни за работата на советниците", изјави тој. "И, колку што знам, тие не можат да сторат ништо околу тоа ... Сега, да, можеби само очилата за сонце - но во тој случај, ние ќе ги вратиме парите назад." На крајот од април 2013 година, долгот на централната влада достигна 34.1% од бруто домашниот производ, што е зголемување од цели 10 процентни поени или 42% во однос на состојбата во 2007 година. За истиот период, надворешниот долг на централната влада се удвоил: денес централната влада должи кон странство околу 790 милиони евра повеќе отколку што должела во 2007 година. Удвојување има и кај внатрешниот долг, пр...