Posts

Showing posts from September, 2013

Банкарски прелевања (Економија и Бизнис, Август 2013)

Image
Во 1998, рускиот премиер Евгениј Примаков беше запрашан за плановите на владата за излез на земјата од сериозната банкарска криза. „Ќе повторам“, внимателно одговори Примаков, „нема програма за спас од каков било вид.“ Подоцна, еден поранешен советник на Михаил Горбачов забележа: „Тешко е да се глуми голема моќ кога постојано молите за помош.“ Тековната должничка криза изврши притисок и врз билансите на банките кои се полни со владини обврзници, а продолжената слабост на банкарскиот систем пак продолжува да моли за владина помош. Веќе стана јасно дека своевидната банкарска криза и кризата на државниот долг во Европа треба да се гледаат заедно. Два факта одат во прилог на оваа констатација. Прво, некои банки ја искористија дополнителна ликвидност преку операциите за рефинансирање од ЕЦБ за да купат државни обврзници ја поттикна, наместо да ја олабави, врската меѓу банкарскиот систем и државниот долг. Второ, користењето на Европскиот фонд за финансиска стабилност и Европскиот стаби...