Економски модел?
Деновиве, а и во еден подолг период наназад, владиниот економски модел за развој, кој се базира на привлекување странски инвеститори во технолошко-индустриски развојни зони во кои тие добиваат големи финансиски олеснувања, се најде изложен на сериозни критики, како во политичката, така и во експертската фела. Бранот критики беше поттикнат од најавата за повлекување на фабриката порано позната како Џонсон Контролс, која беше и првата позначајна странска (гринфилд) инвестиција во земјата. Ваквата одлука – без разлика дали се заснова на тоа дека финансиските олеснувања истекуваат, или е чисто поврзана со преструктуирањето во таа компанија – наметнува потреба за преоценување на потенцијалот и ефектите од овој развоен модел. Всушност, се најдуваме во уште едно предизборие како последица на политичката криза која започна порано годинава. Ова е период во кој политичктие партии, претпоставувам, ги скицираат своите политички програми. Клучно за живеачката ќе биде економскиот модел за разв...