Posts

Showing posts from 2016

Храбра, но (по)паметна фискална политика по изборите

Во време на продукцијата на „Покриениот вагон“ (1923), еден амбициозен филм за пионерите кои тргнаа кон Западот во 1840-те, шефот на студиото Парамаунт, Адолф Зукор, почнал да се грижи за растечкиот буџет на филмот и му наредил на продуцентот Џеси Ласки да ја суспендира продукцијата на филмот. „Театрите, објаснил тој, се жалат за бројот на вестерни што се произведуваат и се жедни за нешто различно“. „`Вагонот` не е вестерн“, возвишено се спротивставил Ласки. „Тоа е епска приказна.“ „Епска приказна?“ возбудено реплицирал Зукор. „Па, тоа е различно – тогаш, терајте понатаму !“ Јавниот долг на Македонија ја премина психолошката бариера од 50 проценти од БДП и со издавањето на последната еврообврзница се искачи на 50.6 отсто . Навидум, ова ниво на јавниот долг не е високо, особено ако се има предвид дека многу земји се доближуваат или ја надминуваат границата од 100 насто јавен долг од БДП. И, навистина, ова ниво на јавен долг немаше да ме загрижува ако не беа проблематични два други...

Економијата на Латинска Америка: Години без криза или кризата следи?

Во економска смисла, Латинска Америка потсетува на високи стапки на екстремна сиромаштија, голема доходна нееднаквост во општествата, неретко високи стапки на инфлација и депресирачки валути проследени со валутни кризи. Но, Латинска Америка помина низ Големата светска криза 2007-2011 многу подобро од САД и земјите од Западна Европа, кои се соочија со рецесии проследени со бавно закрепнување.  Всушност, периодот пред почетокот на кризата и за време на кризата обележа значаен економски раст, како и подобрување во социјаната кохезија на континентот. Просечниот раст во периодот 2004-2008 изнесуваше 5.2%. После брзиот пад во 2009, растот повторно се искачи на 4.1% во периодот 2010-2013. Некои земји, како Уругвај, Панама и Перу, криза и не забележаа: тие имаа континуирани стапки на раст од над 6% за време на целиот период 2004-2013. Потоа, позитивните движења беа ненадејно прекинати во 2014, што меѓу другото беше одраз на меѓународни фактори значајни за латиноамериканските земји, п...

Глобална економија: Стрмоглав пад?

Цената на суровата нафта започна брз пад после јуни 2014. Овој пад коинцидира со падот на цените на некои други стоки, и го означи крајот на т.н. суперциклус – период на рапидно бумирање на овие цени, што започна порано - некаде на почетокот на 2000-тите. Но, ако погледнеме наназад, ќе забележиме дека падот на цената на нафтата што го гледаме сега, не е нов, односно во историјата може да се забележат најмалку три големи падови. Секој од нив се случуваше во време кога се реструктуираше пазарот на нафта, но и глобалната економија. Првиот беше во средината на 80-тите, кога Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК го напушти фиксирањето на цената на нафтата; вториот на почетокот на 90-тите за време на Заливската војна, а третиот на почетокот на Големата финансиска криза од 2008. Сличноста меѓу сите три е зголемувањето на понудата и промени во политиката на ОПЕК по периодот на зголемување на цените. Ако се суди според историјата, тогаш, цените на нафтата ќе останат релативно нис...