Економијата на Латинска Америка: Години без криза или кризата следи?
Во економска смисла, Латинска Америка потсетува на високи стапки на екстремна сиромаштија, голема доходна нееднаквост во општествата, неретко високи стапки на инфлација и депресирачки валути проследени со валутни кризи. Но, Латинска Америка помина низ Големата светска криза 2007-2011 многу подобро од САД и земјите од Западна Европа, кои се соочија со рецесии проследени со бавно закрепнување. Всушност, периодот пред почетокот на кризата и за време на кризата обележа значаен економски раст, како и подобрување во социјаната кохезија на континентот. Просечниот раст во периодот 2004-2008 изнесуваше 5.2%. После брзиот пад во 2009, растот повторно се искачи на 4.1% во периодот 2010-2013. Некои земји, како Уругвај, Панама и Перу, криза и не забележаа: тие имаа континуирани стапки на раст од над 6% за време на целиот период 2004-2013. Потоа, позитивните движења беа ненадејно прекинати во 2014, што меѓу другото беше одраз на меѓународни фактори значајни за латиноамериканските земји, п...