Странските инвестиции се сепак добри за економијата
Во периодов на интензивни политички турбуленции се наметна и дебатата за корисноста од странските директни инвестиции (странските фабрики) кои инвестираа во земјава, главно во рамки на владината политика за привлекување странски инвестиции. Оваа политика беше воспоставена уште на крајот од 2006 година, а се базира на интензивни и повеќеслојни макетиншки активности за привлекување СДИ во технолошко-индустриски развојни зони, што главно подразбира серија даночни повластици и директни грантови за извозно-ориентирани фирми што ќе инвестираат во нив. Со сите свои маани, оваа дебата премина во преголемо, би рекол дури и неправедно оцрнување на странските фабрики во земјава. Еве ги моите аргументи зошто странските инвестиции се сепак добри за економијата. Прво, пред воведувањето на оваа политика, во земјава скоро и да немаше странски инвеститор. Попрецизно кажано, она што како странски инвеститор дојде во земјата пред оваа политика беше главно низ процесот на приватизација, односно прод...