Економските предизвици на новата влада
Се наоѓаме во предвечерјето на почетокот со работа на новата влада. Вообичаено, дебатата за економските предизвици со кои таа ќе се соочи пополека се појавува и ќе се интензивира кога владата ќе ја достави својата програма во собранието. Еве неколку размислувања за тие економски предизвици. На сосем краток рок, предизвик е да се стабилизиаат економските очекувања. Во текот на двеипол годишната политичка криза, граѓаните станаа разочарани, а домашниот бизнис сектор ги замре своите активности. Потрошувачката на домаќинствата продолжи да придонесува кон економскиот раст со несмален интензитет, главно поради новите вработувања, порастот на пензиите, социјалната помош и порастот на кредитирањето кон населението, но живоста кај луѓето исчезна. Во обичните муабети, доминираа теми како „нема да не биде“, „да фаќаме џаде“ и слично. Неликвидноста во домашниот бизнис сектор кулминираше, особено во последнава половина година. Делумно веројатно поради забавената динамика на измирување на обвр...