Дивиденда, два слоја и ровер
Со економските и социјалните последици од пандемијата со Ковид-19 се занимаваме скоро една година. Анализите, пресметките и дебатата се сведува на секторската шема на шокот, ефектот од пандемијата врз приходите на населението и фирмите, и субвенциите од државата за да се зачуваат работни места и да се спаси дел од доходот на населението. Така полека навлеговме во т.н. нова нормала која, барем во моментов, се карактеризира со неколку илјади изгубени работни места, обесхрабрени работници, поголема и почеста употреба на технологијата, и мал дел работници – претежно во занимања кои бараат поголеми вештини и стручност, кои канцелариите ги заменија со работа од дома, парцијално или целосно. Но, дел од ваквите трендови не се нови. Ковид-19 само забрза веќе-постоечки трендови, присутни во еден или друг облик долго време пред пандемијата. Оттука, новата нормала можеби и не е толку нова. Овде ќе елаборирам три вакви тренда сврзани со демографијата, пазарот на труд и технолошките промени....