Posts

Showing posts from March, 2022

Субвенција за Ринго Стар

Image
Во 1983 година, Ринго Стар аплицирал за субвенција за реставрација во износ од 500 фунти за да помогне да се поправат украсите на покривот и градината во неговата палата од 18 век. Локалниот окружен совет на Мејденхед и Виндзор гласал за да го одбие барањето на Ринго. Во 2021 година, нето вредноста на Ринго Стар се проценуваше на 350 милиони долари, што го прави 10-та најбогата рок ѕвезда во светот. Годинава, граѓаните и фирмите ќе добијат малку или воошто нема да добијат финансиска помош од владата сврзана со пандмијата, за првпат по нејзиниот удар во март 2020. Тогаш, владата, како и многу влади ширум светот, одговори на економската закана од пандемијата со финансиски пакет од историски обем. Проектираната вредност на тој пакет беше околу 1.1 милјарда евра, што прави 10% од бруто домашниот производ. Владата декларира, но не демонстрира, дека реализираната вредност била 850 милиони до една милјарда евра. Тоа секако не е точно. Ако ги собереме исплатите за разни мерки во готовина, пл...