Економските политики во клинч
Тешко беше да се предвиди дека 2022 на економски план ќе биде полоша од 2021. Економијата во 2021 беше генерално добра, со раст околу потенцијалниот , по масивната рецесија во 2020. Ребалансирањето на понудата и побарувачката поради нарушените синџири на снабдување за време на и по пандемијата и недоволното производство на електрична енергија (од обновливи извори) во Европа почнаа да притискаат врз цените од летото 2021, но до крајот на годината доминантното убедување беше дека тие ценовни притисоци се главно од времен карактер и ќе исчезнат како што економијата ќе се нормализира. Во глобалните економски кругови, ризиците од значајни геополитички потреси врз економиите, од типот на руската инвазија врз Украина, останаа потценети. Во круговите на носителите на политиките, тие ризици беа дури и занемарени, што зачудува ако се има предвид дека разузнавачките информации говореле уште во октомври-ноември 2021 дека нападот врз Украина е извесен за крајот на февруари 2022. Оттука, шокирачк