Бродот и раскошната внимателност (Капитал, 25.02.2011)
Ако сакаме да најдеме добра приказна за економски раст, тогаш тоа секако е приказната за брзорастечките и економиите во развој со средно ниво на доход во текот на 1990-тите и 2000-тите години – стабилен раст, ниска инфлација и отсуство на економски шокови – што ги натера економистите овој период да го наречат „Големата умереност“. Пред глобалната криза од 2008-2009, постоеше општо-прифатено гледиште помеѓу инвеститорите и носителите на политиките дека брзорастечките и економиите во развој станаа поотпорни на шокови што доаѓаат од развиените земји. Но, кризата покажа дека ова не е целосно така. И покрај тоа што многу брзорастечки и економии во развој успеаја да ги изолираат своите финансиски системи од хипотекарната криза, сепак нивната реална економија се контрахираше во налетот на економската криза. Но, откако кризата го зададе најсилниот удар, се покажа дека како група, брзорастечките и економиите во развој добро се заштитија од рецесијата, и то...