Со среќа, гувернере! (Капитал, 27.05.2011)
Деновиве нашата централна банка го доби четвртиот, по ред, гувернер. Според мое лично мислење, изборот падна на високо-стручна личност, со висок личен и професионален интегритет. Моментот на преземање на функцијата е проследен со остатоците од економската криза и со изразени инфлациски тенденции. Но, иако во моментот инфлацијата на цените покажува извесна перзистентност, како што и се очекуваше, сепак, сметам дека инфлацискиот проблем е повеќе од краткорочен карактер. Бидејќи ефектот од растечките цени постепено се провлекува во т.н. ефекти од втора рунда, веројатно блага реакција на централната банка ќе биде сега неопходна – меѓу другото и за да спречи поизразена појава и интензивирање на инфлациските очекувања. Но, секако ова може да биде само една епизода од секојдневното функционирање на централната банка. Наспроти тоа, мандатот на гувернерот веројатно треба да го обележи нешто друго. Според моето гледиште, на хоризонтот на новиот мандат стојат неколку предизвици. Напуштање на ...