Денот потоа (Капитал, 17.06.2011)
Периодот по светската економска криза го обележува заздравување кое го префрли економскиот раст од развиените земји во брзорастечките и земјите во развој. Во 2010 година во развиените земји растот на БДП изнесуваше 3%, додека во брзорастечките и земјите во развој значителни 7,2%. Во истиот контекст, прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд се дека во текот на оваа година развиените земји ќе растат со 2,5%, а земјите во развој со 6,5%. Ваквиот раст на земјите во развој го зголемува нивното значење на глобалната економска сцена: во просечниот светски раст тие придонесуваат со околу две третини, а се поголемо е нивното учество во светските трговски и финансиски текови. И покрај ваквите позитивни изгледи за земјите во развој, на хоризонтот се појавија неколку предизвици. Првата група предизвици се макроекономските: новиот модел на раст и макроекономската стабилност. Веќе нема дилема дека стариот модел на раст, што се засноваше на надворешната побарувачка, сега треб...