Лаги, лаги и статистика (Економија и Бизнис, Јуни 2012)
Во 1904 година, Мата Хари го напуштила својот сопруг, инаку Холандски воен офицер, го променила своето има и се преселила во Париз. Наскоро станала меѓународно позната како егзотичната „индиска“ танчерка на еден познат париски клуб, затоа што, како што еднаш и самата признала „... јас и никогаш не знаев да танцувам убаво. Луѓето доаѓаа за да ме гледаат затоа што јас бев првата што се претставував пред публиката гола...“ Во 1999 година се роди заедничката европска валута - еврото. На почетокот служеше само за пресметковни цели на 11 земји членки на Европската Унија. Меѓу нив не беше Грција. Таа ја прифати заедничката валута во 2001 година, а од следната 2002, сите 12 земји членки го воведоа еврото во физичка употреба. Зошто Грција не можеше да се приклучи на евро клубот и да танцува заедно со останатите 11 земји уште од самиот почеток во 1999 година? Тоа е затоа што овие земји требаше да исполнат одредени критериуми околу нивната таканаречена номинална конвергенција, што го вклуч...