Милосрдие (Економија и Бизнис, Април 2013)
Додека една вечер го разгледува л менито во еден њ ујор шки ресторан, Чико Маркс сврте л кон Џорџ Кауфман и реторички забележа л , " Па , што по ѓаволите може да се добие тука за 50 центи?" Кауфман ладно одговорил " Милосрдие. " Во текот на оваа Голема рецесија, се чини дека цените следеа стагнирачки тренд, „пресретнат“ со два надворешни ценовни шока, во 2008 и 2011 година. Иако наизглед стабилните цени (односно ниската инфлација, ако се исклучат двата ценовни шока), беа поволни за носителите на монетарната политика, сепак, споредено со претходните рецесии, тие покажаа чудно однесување. Еден неодамнешен Извештај на Меѓународниот Монетарен Фонд (2013) документира дека во сите претходни рецесии, падот на економската активност бил проследен со намалување на ценовните нивоа, односно со значителни дефлации. Но, во тековната Голема рецесија (2007-денес), тоа не се случи. Во моментот провејуваат две економски објаснувања за ваквото однесување на инфлација...