Кеш и Лист од малина
Изминува уште еден декември и ја заокружува изминатата 2013 економска година. Во неа отворивме многу економски размисли: дефицит, јавен долг, невработеност, јавна администрација, миграција на млади, инфраструктура, споменици... За волја на вистината, за некои работи видовме и реализација: зголемени пензии и социјална помош, поголеми субвенции за земјоделците, привршување со финансирањето на лукративноста и постепено свртување кон инвестиции во патиштата, железницата и енергетските објекти, што сето ќе не` доведе со економски раст од околу 3%. Но, ако ме прашате по кои ликови ќе ја запаметам годината што изминува, тогаш на мојата листа се само два лика. Првиот лик – да го наречеме Џокица – е оној којшто секоја вечер не` потсетува дека она што во животот е важно е само кеш. Џокица е лицето на нашето секојдневие и затоа тој е ликот по којшто ќе ја паметам оваа година. Имено, Џокица уште од поодамна влезе во нашиот код и забележа дека ние се задоволуваме со ситно: на еден ќе му даде ...